Направив некои мали измени со правењето на овој колач и кај мене дојде превртен иако во оригинал е многу подобар на око, но сепак за вкус е тој, прекрасен. Па иако фотогенично не е многу за фалење, не е одличен за јадење. Сепак е сезона и решив да го споделам овде со вас секако во оригинал рецептот, а подолу ќе кажам јас како го правев, па можеби некој и ќе најди зошто мислев дека нема да има проблем, а ете се испреврти хехе...
Се надевам дека ќе има прилика да го направам додека има вишни, па ќе апдејтираме информации овде.

Најпрво се мати маргаринот со шеќерот и ванилата.
Потоа се додаваат едно по едно јајцата, па павлаката и на крај брашното со пецивото.

Смесата, која треба да е погуста, се излева во намастена тава 20х30 и одозгора се радат вишните или црешите, убаво измиени и исушени.

На страна убаво се мешаат состојките за преливот и се премачкува колачот одозгора.

Се печи на 180С околу 30 минути, па се остава барем половина час пред да се исечи и послужи.

Што сменав?
Наместо кислела павлака користев цврст јогурт. Сметав дека нема да има многу разлика.
Наместо едно лажиче ставив цело пециво, ненамерно, мислев толку треба и поскасно видов дека не требало хаха... и мислам дека можеби ова најмногу придонесе колачот да се преврти во печењето.
Наместо на 180С почнав да печам на 160, со обзир на тоа дека горе е посебна содржина, па да не ја џишни брзо, а мојата рерна напати знае силна да е.
И последно, користев замрзнати цреши (затоа и се така темнички во колачот) и се трудев откако одмрзнаа добро да им ја избришам водата од нив.
И на крај, простете што фотото исто така не е посебно, беше за носење иако превртен, можеби не толку личен, ама беше допаднат за вкусен, па се тоа набрзина фотнато и малку тешко изводливо за подобро.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани