Во сад го ставаме брашното и путерот исецкан на листови, ги додаваме жолчките, шеќерот и пецивото и замесуваме тесто. Од тестото одвојте 300 грама и поделете го на 2 топчиња и ставете ги во замрзнувач. Останатото тесто завиткајте го во кеса и ставете го во фрижидер пола саат. Во мегувремено спремете го филот. Белките, шеќерот и ванилата изматете ги убаво додека добиете снег од белки. Додате ги пудинзите и зејтинот и со лажица убаво измешајте. Тавче со пречник 28 наросете го со брашно и во него ставете го тестото што предходно го ставивте во фрижидер и убаво натапкајте го, потоа ставете го филот, па наредете ги малините и на крај на крупно ренде нарендајте го тестото што го ставивте во замрзнувач. Печете во предходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Печениот колач оставете го да се излади, па послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови