- Путерот оставете го на собна температура да омекне.
- Брашното, ренданата кора од лимон, двете врсти бадеми, солта и пецивото измешајте ги
- Обложете модла со хартија за печење која ќе биде повисока од самата модла за да може печен колачот полесно да го извадите. Модлата е со димензии 10х20
- Вклучете ја рерната на 180 степени
- Во садот во кој ќе го приготвувате колачот ставете ги омекнатиот путер, шеќерот, ванилата и јајцата кратко време заедно измиксајте, потоа додадете го измешаното брашно, повторно измиксајте за да добиете хомогена смеса.
- Во модлата ставете 1/3 од смесата, наредете одзгора од исечените кајсии, покријте со смесата, пак кајсии, пак тесто и најодозгора наредете ги останатите кајсии.
Ставете да се пече во веќе загреаната рерна околу 1 час, зависно од рерната, но сепак проверете со веќе познатата техника - чепкалката треба да биде сува и чиста кога ќе ја извадите од тестото.
- Нека олади, извадете од модлата за да се брзо и подобро олади спречувајки притоа да топлината дополнително го навлажнува колачот. Оладен посипете со шеќер во прав.. и што да ви кажам, уживајте.
Кај мене тоа кајсиите некако избегале при печењето - пресекот е таков каков што е, а понатаму како сечев после веке сликањето (за да ги послужам нестрпливите) видов дека има подобар пресек, но веќе вака како што го гледате се запамети, немаше време повторно да сликам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани