Ова летно колаче не освои со прекрасниот вкус и арома на праска, лаванда, карамел, лешник, бело чоколадо. Одлично е!

Подготовка
1. Најпрво убаво измијте ги праските и пресечете ги на тенки кришки, јас не ги лупев.
2. Во садот во кој ќе го печете колачот ставете хартија за печење и наросете шеќер, да биде покриено дното. Наросете ливчиња лаванда и внимателно наредете ги парчињата праски да се преклопуваат.
3. Ставете го садот во рерна на 180Ц околу 20-25мин. За тоа време шеќерот ќе се стопи, ќе се помеша со сокот од праските и аромата на лаванда и ќе добиете карамел со прекрасен вкус и мирис.
4. Извадете го садот од рерна и оставете го да се подолади додека ја подготвувате смесата за колачот.
5. За негова подготовка најпрво изматете го путерот со шеќерот да добиете крем.
6. Додадете ги јајцата едно по едно со постојано матење.
7. На страна измешајте ги брашното, пецивото и мелените лешници и додадете ги во смесата наизменично со млекото/јогуртот.
8. На крај додадете го сецканото, бело чоколадо.
9. Добиената смеса внимателно распоредете ја во садот за печење, врз карамелизираните праски и ставете да се пече 30-40 мин на 180Ц(или согласно како пече вашата рерна)
10. Готовиот колач оставете го малку да се олади и внимателно преврте го на чинијата за сервирање.
11. Прекрасен е сеуште топол, послужен со топка сладолед од ванила.
*калапот е со димезии 20 см.
*Ако користите сад за печење со обрач, задолжително ставете фолија за печење под долниот дел и малку на страните бидејќи кога карамелот ќе почне да врие, можно е малку да ви претече од делот каде што се спојуваат подлогата и обрачот од калапот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани