1. Кајсиите се сечат на ситно, се ставаат во касерола заедно со шеќерот, лавандата и 50 мл вода и се става на оган.
2. Кајсиите се варат 10ина минути и се тргнуваат од оган да се оладат.
3. Од касеролата се вади лавандата и кајсиите се блендираат, ако има потреба смесата се прецедува.
Смесата со кајсиите се остава настрана и се започнува да се прави пандишпанот.
1. Во еден сад се ставаат само белките и се матат за кратко, се додава шеќерот и се матат со згуснување.
2. Во садот се додаваат жолчките една по една и се мати да се соединат со белките.
3. Во садот се додаваат и останатите состојки без оревите и се мати до соединување.
4. Во тавичка 25 на 20 се става хартија за печење и смесата за пандишпанот се префрла во тавичката, убаво се распределува и се посипуваат оревите.
5. Пандишпанот се печи на 180 степени 20-30 минути,
6. Готовиот пандишпан се остава да се олади и за тоа време се подготвуваат кремовите.
Крем од кајсии
1. Смесата од мелени кајсии се враќа на оган.
2. Во друг сад се ставаат јајцата и им се додава нишестето, се матат да нема грутчиња и се додаваат уште 50 мл вода.
3. Мелените кајсии се тргнуваат од оган и и се додава смесата со јајцата и нишестето и постојано се мати за да не се направат грутчиња.
4. Смесата се враќа на оган и се вари пудингот, пред крајот се додава путерот и се меша за да се растопи.
5. На пандишпанот со обратниот крај од дрвена лажица се прават дупчиња и врз пандишпанот се излева топлиот пудинг од кајсии (веднаш штом се тргни од оган).
Крем од ванила
1. 350 мл од млекото, шеќерот и ванилата се ставаат во касерола и се става на оган да се загреат.
2. Во еден сад настрана се ставаат јајцата и останатите 50 мл од млекото, се матат заедно и им се додава нишестето.
3. Понатаму постапката е како при пудингот од кајсии.
4. Колачот се остава да се олади целосно и потоа се сечи на парчиња, по желба најгоре се додаваат кајсии и ореви, а може да се прелие и со чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови