Во подлабок сад ги ставаме јајцата заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер и матиме со миксер додека да се растопи шеќерот.
Потоа ги додаваме путерот, мелените бадеми и брашното претходно помешано со прашокот за печиво.
Мешаме со лажица убаво да се соедини смесата и ја префрламе во плехче за печење намачкано со путер. Одозгора ги редиме боровинките.
Печиме на 180 степени 30тина минути.
Додека се печи тортата ја правиме глазурата. Мешаме 6 лажици шеќер во прав со 3 лажици сок од боровинки.
Испечената торта ја чекаме малку да се излади и ја прелеваме со глазурата.
Чекаме да се излади целосно и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови