За ова вкусно колаче, ги мешаме брашното, пецивото, ги додаваме шеќерите. Убаво изедначуваме и во средината правиме вдлабнатинка. Го додаваме јајцето. Замешуваме и го додаваме ладниот путер на коцки, при што замесуваме меко тесто. Изработеното тесто го завиткуваме во стреч фолија и го ставаме во фрижидер додека ги подготвуваме бадемите.

На оган ги ставаме да се загреваат путерот, шеќерот, ванилата и  млекото. Мешаме, се добро да се поврзи и зоврие на кратко. Тргаме од оган и ги додаваме мелените и сецканите бадеми. Убаво се меша и се остава смесата да излади.

Од тестото отвораме кора и ја ставаме во намрсен калап со пречник 26 цм. на откопчување.
Премачкуваме со мармаладот-во тенок слој.
Ја нанесуваме изладената смеса од бадеми.
Ја ставаме да се печи во загреана рерна, на 200 степени околу 20 мин..
Оставаме колачот малку да излади, па го сечиме.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани