Овој рецепт доаѓа од Украина, колачот многу е вкусен и лесен за јадење.
Јајцата изматете ги со шеќер.
Урдата изблендирајте ја на блендер со ванила и павлака.
Во урдата додајте ги матените јајца, гриз и пециво, па тестото убаво промешајте го.
Тепсијата постелете ја со мрсна хартија и истурете од тестото (ако тавата е Делимано нема потреба од хартија). Тепсијата со тесто покријте ја со фолија.
Печете 30 минути во загреана рерна на температурата од 200 степени, после извадете ја фолија и печете уште 10-15 минути.
Готовиот колач наросете го со шеќер во прав и ставете јагоди и капини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани