Брз и лесен колач, кој ќе се најде за време на постите.
1. Најпрво јаболката ги миеме, лупиме, и ги рендаме на крупната страна од рендето. Ги ставаме во тенџере на оган, заедно со 500 мл вода. Кога ќе почне да вре го додаваме шеќерот. Може да ставите по ваша желба зависно од киселоста на јаболката. Оставаме да се вари околу 10-тина минути.
2. Густинот го раствораме во преостанатите 100 мл вода, па го додаваме во јаболката, вариме на тивок оган додека да се згусни.
3. Една 1/3 од бисвитите редиме, па над нив ставаме од пудингот со јаболка, така три пати и најгоре може да декорирате со растителна слатка павлака, и какао.

Забелешка - Бирајќи посни бисквити, овој пат зедов едни што се подебели, па ми требаа повеќе од 500 гр, и останаа малку посуви. Одберете потенки бисквити, за да биде целиот колач посочен и повкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови