Оригиналниот рецепт е со брусница и бело чоколадо, а сега решив нешто да изменам и да додадам, па да видам како ќе испадне. Испадна закон, па сметав дека морам да го споделам со вас. Еве ја подготовката.
1. Најнапред го матиме маргаринот со миксер, убаво, да запени. Го додаваме шеќерот и матиме додека да се соединат.
2. Ги додаваме јајцата и матиме со миксер уште еднаш, да се добие мазна, жолтеникава структура.
3. Ги додаваме брашното и солта и мешаме со лажица, убаво, да се спои се’.
4. Потоа ги додаваме оревите, чоколадото и сувото грозје и мешаме додека да се соединат сите состојки.
5. Рерната ја вклучуваме на најјака температура.
6. Хартиените корпиња ги редиме во плех, ги полниме со лажичка од смесата и плехот го ставаме во рерната, која откако ќе ја затвориме ја намалуваме на 180 степени. На колачите им е потребно 7-10 минути за да се испечат. Добар апетит! Одлични се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови