Овој рецепт е многу одамна, од старата тетратка на мајка ми.
Колачи кои се потопени во ладен шербет.
Се подготвуваат бргу, а се јадат уште побргу.
Во сад ги замесуваме сите состојки во едно меко и мазно тесто.
Правиме топчиња во форма на орев, па ги редиме на хартија за печење.
Печеме веднаш во загрена рерна на 200 степени додека да поруменат.
На страна во друг сад го приготвуваме шербетот.
Мешаме додека не се растопи шеќерот.
Печените колачиња ги вадиме од рерна и оставаме да одморат 5минути.
Додека се уште жешки ги пуштаме во ладниот шербет.
Ако малку повеќе сте ги попекле, како мене на сликата, тогаш ќе ги оставите малку повеќе да отстојат во шербетот.
Вадете ги со дупчалка и пуштајте ги во сад со кокос.
Измешајте ги добро и редете во чинија.
Колку повеќе стојат толку се поубави.
На здравје да ви е.

Забелешка
филџанчето е од 125мл.
Ако има потреба и ќе го сликам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови