Едноставни и здрави колачиња.
Се матат 2 јајца со 2 лажици кафеав шеќер и 1/2 лажичка цимет. Кон ова се додаваат изгмечени 2 позрели банани, 3 лажици мелен сусам и 2 чаши (од 250 мл) житни снегулки. Се меша со дрвена лажица. Се зема од смесата по една лажица и се обликуват топчиња и се ставаат во плех на пек-хартија. Се печат на 170 степени околу 15 минути.
Житните снегулки и кафеавиот шеќер се од Натура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови