1. Во сад се става малку брашно.
2. Во него се додаваат сите останати состојки за колачињата и се замесува средно меко тесто.
3. Од тестото се расукува кора со дебелина од околу 0,8 - 1 сантиметар.
4. Со различни фигури се вадат колачиња и се редат на претходно намрсен плех.
5. Се печат 15 минути на 200 степени додека не добијат жолтеникава боја.
6. Кога ќе се оладат се посипуваат со шеќер во прав и може да се послужат.

Овие колачиња се навистина брзи и вкусни, а исто така и излегуваат поголем број.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови