Од сите состојки се меси глатко тесто за колачите.

Тестото се развлекува на работната површина со дебелина од ½ см (можи и подебели).

Со кружно калапче или чаша се вадат кружни форми кои се редат во плех и се печат на 170С околу 10 минути, при што се внимава да останат светли.

На печените колачиња во средината им се лепи по едно црвено  бомбонче и над него со стопеното чоколадо им се оцртуваат рокчињата.

*Кога ги правев колачите овие беа одбрани заради изгледот, а според составот ми изгледаа многу обични, па покрај основниот рецепт јас му додадов бадем арома и не згрешив. Испаднаа едни од најомилените за јадење од сите други посложени : ) Ви препорачувам ако се решите со таа арома и количина да ги пробате, но секако дека можи да ставите или не ставите друга.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани