Белките се матат во цврст снег и постепено се додава шеќерот. На крај се додава кокосот и лесно се меша.
Смесата ја туриваме во плех обложен со хартија и ја печеме на 180 степени околу 15 минути.
Кората оставаме да се олади, а во меѓувреме го подготвуваме филот.
Жолчките со шеќерот и чоколадото ги ставаме во сад и ги топиме на пареа додека добиеме изедначена смеса. Оставаме да се олади.
Путерот пенасто го матиме и во путерот лажица по лажица додаваме од смесата со жолчки.
Ладната кора ја сечеме на три дела и прво во чинијата во која ќе филуваме го редиме првиот дел кој го полеваме со малку млеко, па ставаме една третина од филот.
Ја ставаме втората кора,па млеко па фил,и на крај целата торта ја мачкаме со фил
Оставаме убаво да се олади во фрижидер околу 2 часа и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови