Стариот добар ролат од кокос го има во многу варијанти и неговата популарност никако да се намали. Кај нас дома ова е еден омилените десерти, па еве го мојот начин на подготовка.
Прво се прави кефеавиот дел
Бисквитите ситно се мелат и се посипуваат со мешавината од инстант кафе и рум. Се оставаат така околу десеттина минути за да го впијат мирисот и вкусот на кафето и румот.
Во меѓувреме во сад на оган се ставаат млекото, чоколадото, шеќерот и какаото и со постојано мешање се топат додека се добие кремаста смеса. Чоколадната смеса се додава во бисквитите и смесата убаво се меси. Готовата смеса ја расукуваме на најлонска фолија и врз неа го редиме белиот дел.

Бел дел
Со миксер го матиме путерот со шеќерот во прав и две лажици топло млеко. Кога путерот е пенасто изматен го додаваме кокосот.
Оваа смеса ја ставаме над кафеавиот дел и внимателно виткаме ролат.
Јас од оваа смеса правам два мали ролати.
Ролатите ги ставаме во фрижидер да се оладат и послужуваме.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови