Најпрво се вари пудингот . Од 500 мл ладно млеко одвојуваме 250мл и во него го додаваме прашокот за пудинг, другите 250 мл се варат со 7 лажици шеќер.Откако ќе зоврие млекото се додава разматениот пудинг и се трга на страна, се меша и веднаш се згуснува пудингот поради врелината на млекото.Се остава да се излади пудингот, но додека е топол се додава белото чоколадо да се стопи.
За пандишпанот, се матат јајцата со шеќерот, да се добие густа пена, се додава водата и се продолжува со матење, на крај се додава брашното со пецивото и кокосот.
Се пече во плех од рерна на хартија за печење на 180 степени , 8-10 минути (зависи од рерната).Откако ќе се испече се остава 10 минути да се излади тестото .На навлажнета крпа го пренесуваме тестото со хартијата, виткаме во форма на ролат со влажната крпа без да ја вадиме хартијата .Оставаме тестото да остстои 30 минути завиткано.
Го матиме маргаринот или путерот пенасто и го додаваме на изладениот пудинг,мешаме да се соедини смесата, а потоа го додаваме и кокосот.
Го одвиткуваме ролатот од крпата и ја одлепуваме хартијата, но да остане под тестото (бидејќи ќе ни биде потребна за повторно завиткување на ролатот).
Од филот се остава 3 лажици (за премачкување на ролатот одозгора) и се филува тестото па се завиткува во форма на ролат со помош на хартијата.Вака завитканиот ролат го оставаме да се стегне во фрижидер 7-8 часа.
Кога ќе биде изладен ролатот се вади хартијата и се премачкува со филот.
Шлаг пената се мати со млекото и се украсува ролатот, по желба се декорира со чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани