Брз освежителен летен десерт.
Во продажба веќе има пудинг од кокос, па еве јас како го искористив.
Во касерола ги ставаме водата, малините, шеќерот и вариме на тивко 3-4 минути.
Во друг сад го ставаме желатинот со една лажица вода да набабри.
Во друга касерола го налеваме млекото, шеќерот и пудингот.
Вариме до згуснување.
Сега во чаши за десерт ставаме по 1/3 од топлиот пудинг.
Оставаме малку да подизлади.
Во сосот од малини го додаваме желатинот и промешуваме.
Сега од топлиот сос ставаме врз кокос пудингот.
Оставаме да се стегни и да се излади.
Во остатокот 1-2 лажици пудинг додаваме 1 лажица изматена слатка павлака, ја ставаме кремата во шприц и ја завршуваме декорацијата на овој лесен, летен, вкусен десерт.
Совет- доколку сакате понтензивен вкус на кокос во сварениот пудинг додадете една лажица кокос.
До колку не ги сакате семките од малини, сварениот сос процедетего низ цедалка, па потоа додадете го желатинот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани