Прво во рерна малку ги потпекуваме бадемите сосема кратко и ги оставаме да се изладат.
Во сад го ставаме кокосот (на страна оставаме 2-3 лажици за посип). Го додаваме шеќерот во прав, ванила аромата и кондензираното млеко. Мешаме со лажица.
Во мало тенџерче ставаме 200 милилитри млеко и го ставаме на оган. Во една чаша мешаме 1 пудинг од ванила, 1 лажица шеќер и 50 милитри млеко. Кога ќе зоврие млекото, се додава пудингот и млекото и се меша додека згусни. Топлиот пудинг се става во садот со кокос и се меша.
Од смесата се прават топчиња и се ставаат за кратко во фрижидер.
На пареа се топи чоколадата со 2 лажици зејтин.
Во чоколадата се валаат топчињата од кокос и се редат во сад обложен со пек-хартија. Секое топче се поросува со кокос и се става најгоре по 1 бадем.
Вака спремени топчињата се ставаат во фрижидер (за длабоко замрзнување) да одстојат барем половина час пред служење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови