Белките треба да бидат на собна температура.
Се матат белките во цврст снег па се додава шеќерот во прав.Се додава сокот од лимон,ренданата кора од лимон и на крај кокосот.
Се убаво се меша.
Со лажичка се формираат неправилни форми.
Макарунсите се печат во загреана рерна на 150 степени околу 15 минути.
Кога се печени се оставаат да се изладат во рерната.
Оладените макарунси се прелеваат со стопено чоколадо.
Пре вкусни се!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови