Додека ги печите овие вафли ни домот ќе ве облее пријатна миризба од кокосот, ќе сте нестрпливи што поскоро да ги вкусите... барам кај нас таква атмосфера беше.

Се мати путерот со шеќерот, па се додава медот. Откако ќе стани компактна смесата, се додаваат едно по едно јајцата.
Потоа се додава млекото, па сувите состојки од кои на крај кокосот.
Се печат вафли во загреана ваферка.
Печенте вафли можи да се послужат со мед и наросен кокос, а кај нас иако го нема на сликите одлично ни беше со нутела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани