1. Млекото се загрева и се додава шеќерот без 1 лажица и ванилата да се растопат во него.
2. Од квасецот, преостанатиот шеќер и малку брашно и вода се прави каша и се остава квасецот да се активира.
3. Во сад се става брашното, кората од лимон, се додава топлото млеко, јајцата без една белка која што ќе се користи за премачкување, масло и квасецот.
- може да се меси на рака, со миксер или во машина за леб. Јас го правев со приставките за тесто на миксерот.
4. Сето се меси до добивање на меко, малку лепливо тесто и се остава на топло да си го удвои обемот.
Фил: 

5. Во касерола се става млекото, шеќерот и афионот и се става на оган и со постојано мешање се вари афионот.

6. Филот од ореви се спрема на истиот начин како и тој со афионот.

7. Кога тестото е готово се размесува и се разделува на две.
8. Секоја половина се расукува и се премачкува со еден од филовите така што едниот крај да не е премачкан и се витка на ролат, со крајот без фил се залепува за тестото.
9. Од двата ролати се прави плетенка и се става во форма за кекс.
10. Се остава повторно да стаса и се премачкува со белка.
11. Се печи во загреана рерна на 180-200 степени.

- тестото може да се раздели и на три дела и да се сплети плетенка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови