Одлични кнедли од леб како прилог со месо или со гулаш.
Кромидот исецкајте го ситно и динстајте го со маслото, потоа додадете ги сите состојки и промешајте убаво замесете со рака да се добие мазна смеса.
Рацете навлажнете ги со вода и обликувајте топки, само не ги притискајте многу да не бидат набиени.
Во вода која веќе врие пуштајте ги една по една кнедлите и варете ги 15 минути.
Кога се готови веднаш се служат.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови