-Во тенџере ставете 400 мл. млеко со шеќерот и ванилата да се загрева. Во остатокот од млекото растворете го пудингот.
- Кога ќе проврие млкеото тргнете од ринглата, додадете растворениот пудинг, разбркајте и вратете на огнот да се вари се додека се згусти. Додадете го на крај и кокосот - измешајте.
Тргнете настрана да се лади, а за тоа време спремете тестото.
Тесто
- Во омекнатиот на собна температура додадете го шеќерот и матете, додадете ванилата, солта, 1 јајце, па се заедно матете со миксерот. Додадете го јогуртот, изматете и додадете го кокосот и брашното и пецивото. Замесете тесто кое ке биде меко, но не и да се лепи за рацете.
- Од оладениот фил направете толку топчиња колку што ќе имате кифли.
- Поделете го тестото на два еднакви дела, расукајте кора која да не е многу тенка - околу 3 мм. исечете на 16 триаголници, ставајте од филот и замотајте кифличка. Така постапете и со другото тесто. Нека се печат на веке загреана рерна на 200 степени 15 мин.
- Топли посипете со шеќер во прав и кокос.

НАПОМЕНА
- Брашното не го истурајте одеднаш, истурете прво 500 гр. а потоа постепено додавајте се додека добиете меко нелепливо тесто, макар да иако така работа досега токму погоре напишаната грамажа си е точна. Ова од предострожност бидејки неретко зависи и од самото брашно.
- Не е неопхдно да се замотаа многупати - напротив - доволно е само колку да се преклопи филот и истиот да остане од двете страни да се гледа.
Овој рецепт за кифлички кој јас знам дека нема да остане само запишан туку многупати репризиран е од мојата драга пријателка Ранкос... на која сум и благодарна што дозволи да ве запознаам со нејзиниот рецепт пишувајки го овде. Ранкос - Поздрав за тебе!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани