Од оваа брза подготовка на овие ситни колачи, излегуваат два калапи-триаголници.
Или смесата може да се стави на даска за колачи, па да се сечат, штангли, коцки или да се стави во силиконски калапи. Во секој случај, како и да се подготви, едно е сигурно, излегуваат многу вкусни колачиња
Во касерола на тивок оган ги ставме млекото и шеќерот да вријаат 5 минути.
Пред крај ги додаваме путерот и чоколадото, изедначуваме и тргаме од оган.
Оставаме 5 минути на страна.
Млекото во прав го просејуваме, па го додаваме во подготвената смеса, енергично промешуваме, па додаваме кикирики, орев и бисквити.
Соединуваме убаво.
Млаката смеса веднаш ја истураме во калапите кои се обложени со проѕирна фолија.
Оставаме на ладно 2 часа да се стегни колачот.
Потоа го превртуваме, па го прелеваме со подготвената, топла глазура.
Чекаме да се стегни, па сечеме на парчиња и послужуваме од оваа убавина

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани