Ова е мојот рецепт за стотка. Одлучив да направам украинска торта по која е проепознатлив главниот град Киев.
Многу ми е драго дека сум дел од вашата кулинарска страница. Тука имам запознаено многу прекрасни дами кои споделуват со нас свои прекрасни рецепти и ми е драго да се дружам со вас.
Оваа година  се роди мојата втора среќа, мојата ќерка, на која треба повеќе да ѝ посветам внимание. За рецепти немам многу време, но ќе се трудам да се дружам со вас затоа што многу ми е убаво со вас.
Посебна благодарност до тимот Мои рецепти што ни ја создаде оваа прекрасна страница.

Прво го правиме пандишпанот.
Aко имате две исти тавчиња, изматете ги белките заедно и ќе ги поделите на двете тавчиња. Ако немате, оваа количина поделите на половина и ќе матите прво три белки, а после кога ќе се испече, другите три.
Белките матете ги со една кесичка ванила до цврста пена и на крај додадете 50 гр шеќер.
Во посебен сад сипете брашно, ореви и 200 гр шеќер заедно измешајте и додајте до белки промешајте со лажица полека.
Поделете во две форми и печете на температура 150 степени два и пол саата. Треба да испадне суво тесто.
За фил
Во тенџере сипаме шеќер и млеко и оставаме да зоврие.
Жолчките ги матиме со една кесичка ванила и пополека во жолчките го додаваме зовриеното млеко. Ставаме на тивок огин да згусне кремот, а потоа оставиме да истине.
Маргаринот изматете го. Во него пополека додавајте го кремот.
Филот поделете го на два дела. Во вториот дел додадете какао.
Ја филуваме тортата.
Првиот пандишпан го ставаме со рамна страна кон доле,  премачкуваме со фил, на него другиот пндишпан со рамна страна нагоре, премачкајте со темниот фил.
Страните премачкајте ги со темниот фил и налепете мелени ореви. Од останатиот фил можете да ја украсете торта по желба.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани