Летото го сакам за убавите лесни по вкус десерти.
Овој десерт се топи во уста. Еве ја подготовката.
Ставете ги бисквитите во кеса и со сукалка издробете ги на ситно.
Можете да ги сомелете и со машинка.
Путерот или маргаринот стопете го и додадете го во садот.
Додадете го киселото млеко.
Префрлете ја смесата во калап, притиснете на подлогата која претходно е премачкана со стопен путер.
Кога ја оформивте подлогата, ставете го калапот во ладилник.

Ќе го подготвиме вториот бел дел.
Слатката павлака ја матиме да се згусне добро. Додаваме и фиксатор за павлака да стои цврсто.
Во истиот сад го додаваме маскарпоне сирењето, па мешаме убаво со миксерот.

Во 5-6 лажици ладна вода го разматуваме желатинот и оставаме да згусне.
Кога е така набабрен, го префрламе во сад на оган и мешаме додека не се растопи, но никако да зоврие.
Приготвениот течен желатин, го додавам во садот кај филот, додаваме и стопено бело чоколадо.
Миксираме добро, додека не го добиеме тој убав пенест крем.
Откако е готов го префрламе во калапот и со шпатула израмнуваме добро.
Повторно враќаме во ладилник.

Тортенгустот го разматуваме со 3 лажици шеќер и 200 мл вода.
Мешаме да нема грутчиња, го ставаме на оган да згусне, но не да зоврие.
Тргаме од оганот и оставаме да одмори 1 минута.
Кивите ги лупиме и сечеме на тркалца. Ги редиме рамномерно врз колачот, а потоа прелеваме со смесата која ќе ја користимека ко глазура.
Покриваме секаде со глазурата, ја потполнуваме секоја дупка.
Садот го ставаме во ладилник 2часа. После 2 часа, сечете и сервирајте.
На здравје со убавиов летен десерт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови