Во еден сад го соединуваме сецканото овошје, додаваме пециво, сода, анис и половина количина на брашно.
Убаво промешуваме.
Во вангличка ги ставаме двете белки, матиме цврст шам со половина количина на шеќер,
Во друг сад ги матиме жолчките, со остатокот на шеќер.
Сите состојки ги соединуваме со шпатула.
Смесата ја истураме во долгнавест, тесен калап обложен со хартија.
Печиме од 30-40 минути на 180 степени.
Го вадиме колачот на решетка да се излади, па сечеме парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани