Најпрво ги мериме јајцата заедно со лушпата на вага.
Колку се тешки јајцата, толку ќе ни треба шеќер, брашно, путер (од прилика околу 200 гр)
Земаме два сада и ги делиме белките од жолчките.
Жолчките ги матиме со половина количина на шеќер да побелат.
Во нив го додаваме омекнатиот путер и матиме да се соединат.
Во еден сад ги соединуваме брашното, пецивото, кората од лимон, сецканата брусница, сецканиот орев и сецканиот лешник.
Ги додаваме на претходната изматена смеса.
Сега матиме снег од белките со остатокот на шеќер.
Ги соединуваме двете смеси со шпатула.
Смесата со помош на лажица ја ставаме во долгнавест калап за печење.
Со лажицата израмнуваме.
Печиме на 180 с одприлика околу 40 минути.
Сепак проверуваме со чепкалака.
Испечениот колач го оставаме на кујнска решетка да се излади, па сечеме парчиња и послужуваме.
По желба може да се нароси со шеќер во прав

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани