Како и секоја година така и оваа, од нашата газдарица, невидена вредница во Корчула добив прекрасни, домашни мармалади од овошја кои растат во нејзиниот двор.
Добив разни комбинации на мармалади..
лимон-портокал
киви-портокал
лимон- мандарина
лимон....
Па еве почнувам да ги дегустирам во кексови, палачинки....
Уживање...
Овој мармалад од домашни, непрскани лимони, рече дека го погдотвува од сецкан лимон, кој го вари прво во самиот сок, а потоа на крај додава шеќер.
Мармаладот е со прекрасен, освежител вкус и блага нота на горчина од кората.
Во вангличка прво ги ставаме белките, матиме и додаваме половина количина на шеќер.
Потоа се додаваат жолчките кои се изматени со остатокот на шеќер.
Со исклучен миксер се додаваат млекото, јогуртот и маслото.
Лесно соединуваме и додаваме пециво, брашно и мармалад.
Со шпатула ја изедначуваме смесата, која ја истураме во долгнавест калап кој е обложен со хартија.
Одозгора ставаив малку чоко капки.
Печиме околу 30 минути во загреана рерна.
Потполно изладениот кекс го сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани