Јајцата се матат со ванилата и шеќерот.
Им се додава маслото, па сокот од лимон и брашното помешано со пециво и кората од лимон.
Калапот за куглоф се намрсува со масло и се наросува со сецканите бадеми.
Се излева една половина од смесата. Се наросува со сецкани бадеми.
Од другата половина се одделува една шоља и во неа се става какаото. Убаво се промешува и се излева над бадемите.
Се долева остатокот од смесата и се наросува со сецкани бадеми.
(Бадемите значи ги делиме на три дела- за калапот, на првиот дел од смесата и на крај, над вториот дел од смесата.)
Ставаме да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 мин., или зависно од вашата рерна.
После печење нека отстои 5-10 мин. во калапот, па го вадиме.
Ладен го посипуваме со шеќер во прав замирисан со ванила.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани