А)
Во тенџере се става 250 гр. шеќер и се пржи како за чај, се става 1 л. вода и нека врие додека се стопи карамелот. Се трга настрана.
Б)
Во друго поголемо тенџере се става 5 л. вода и 300 гр. шеќер да зовријат, се трга настрана, се додава во него водата со пржениот шеќер, се мешаат и се остава да се олади.
Кога е млако, се додава во водата сокот од лимонот, на вкус од екстратот од крушковец, квасецот кој претходно ќе го растворите во мал дел од млаката вода, додадете го во тенџерето и нека одстои 2- 3 часа како би се дозволило да почне да ферментира и веднаш се собира. Доволно е напишаното време за да се постигне целта.
Се собира во флаши и се става во фрижидер.

Напомена
- Оваа напивка е наша верзија на Рускиот квас за кој исто така има рецепт, но се одлучив прво овој да го напишам оставајки им простор на овде пријателките кои автентично би можеле да го постават рецептот - исто така препрекрасна и освежителна напивка која секако пред се е и здрава, освежителна.
- Напивката кога е стасана добро, како што велиме ние, режи, врие...
- Крушковецот се става за вкусот, што не значи дека не можете да го замените со друг екстрат на вкус кој на вас ви се допаѓа, но јас некако секогаш за оваа напивка само крушковец користам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани