Рецептот е сличен на Тестенините во супа со домати и јајца (кинески веге рамен) од Кунгфу Мулан, но начинот на подготовка е различен, затоа нека стои и овој рецепт како уште една идеја за брз и лесен ручек/вечера.

Јајцата се матат со 2 лажички вода, сол и бибер. Во вок тава се загрева малку масло, па се става младото кромидче да се пропржи. Се додаваат јајцата, и се мешаат убаво да се распарчат.
Се вадат од тавата, а во неа се додава уште малку масло. Се ставаат доматите сецкани на резанки, па се пржат кратко, да омекнат но не да ја изгубат формата. Се намалува јачината на шпоретот, па се додава кечапот, малку шеќер, и нишестето кое претходно сме го раствориле во 2 лажици вода. Се меша колку да се соедини, па се враќаат во тавата пржените јајца.
Кинескиот начин на сервирање е со тестенини или ориз, а вие можете и по македонски со лепче и парче сирење =)))
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови