Совршено мезе за друштво, седенка, со ладно пивце...
Изрендајте го кашкавалот и сирењето и измешајте ги.
Ставете го јајцето, брашното, зачинете по вкус и со рака измешајте ја смесата.
Смесата треба да е доволно густа за да можете да обликувате топчиња.
Ова е основната смеса, а овој пат во половината од неа ставив рендана тиквичка, претходно малку посолена и исцедена.
Пржете ги во длабоко масло, на не многу јака температура, се додека убаво не заруменат.
Ставете ги на хартиена салфета за да се исцеди маснотијата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови