Вргањот ставете го во ладна вода да одстои половина час.
Истурете ја водата, ставете чиста вода и ставете го да се вари.
Во тавче ставете ситно сечени кромид и морков да се пржат. Кога ќе добие златна боја кромидот додајте брашно, запржете малку и додајте изблендирани патлиџани. Оваа смеса истурете ја во варениот вргањ, поварете уште 5 минути, додајте зачини и магдонос.
Многу убава и вкусна кашичка за посни денови.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани