Кафето се меша со врелата вода додека убаво се раствори во неа.
Се мати путерот со шеќерот и ванилата, па се додава раствореното кафе.
Едно по едно се додаваат јајцата и секое се мати по една минута.
Со најмала брзина на миксерот или подобро рачно се додава прво пола од брашното, па потоа комбинирано со јогуртот.

Смесата се печи во тавче бр 26 40на минути на 180С. Ако ви е силна рерната одозгора можи да ја покриете со пек хартија.
Кога е готова, се исклучува рерната и по 5 минути се вади колачот.

Веднаш се спрема преливот. Се меша убаво кафето во врелата вода, се додава стопениот путер и потоа течноста се истура и се меша со шеќерот во прав. Откако ќе се добие компактна смеса се прелива врз колачот, се посипува со сечкани ореви и се остава да се здрви.

П.С.- Го сакам кексовите без прашок за пециво и оние кои сум ги спремала ми се посебно убави и вкусни и не ми дрзнат додатно желудник. Овој рецепт изворно беше без пециво и таков го направив, но чинам и ви препорачувам ако се решите да го правите, да ставите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови