Овој десерт е прилично лесен и брз за изработка, а нема кој не го сака. Јас честопати манипулирам со оваа смеса правејќи од неа шнит верзија, или понекогаш во вид на бајадера или бомбици во зависност од потребите.

Подготовка
Најпрво ги матам жолчките со шеќерот и ги варам малку на пареа. Бидејќи количината е мала, брзо стасува. Го додавам чоколадото да се растопи во жолчките и оваа смеса ја оставам малку да се излади.
На страна го матам маргаринот ( да побеле и омекне ). Изладените жолчки со чоколадо ги додавам во мараринот и продолжувам со матење додека убаво не се соедини како фил.
На страна сите суви состојки се соединуваат, во нив се додава филот и се замесува да се соедини смесата да биде убаво глатка и компактна. Истата ја ставам во калап да се стегне убаво.
Откако ќе отстои во фрижидер ја полевам со глазура од црно чоколадо растопено со малку масло и најгоре декорирам со растопено бело чоколадо. Сечев на шнитови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани