1. Бисквитите ги кршиме некои на покрупни, некои на поситни парчиња. Ги полеваме со слаткото.
2. Во сад го ставаме путерот, шеќерот во прав, чоколадото и со постојано мешање чекаме да се стопат состојките до кремаста смеса.
3. Смоквите ситно ги сецкаме и ги додаваме во бисквитите, лешниците ги толчиме и ги додаваме кај бисквитите.
4. Стопената чоколадна смеса ја додаваме кај бисквитите и убаво мешаме.
5. Касатото го ставаме во сад и го формираме.
6. Оставаме да се олади го посипуваме со какао и декорираме со кандирани цреши.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови