1. Во сад на оган се мешаат и се соединуваат чоколадото, млекото, какаото и половина од шеќерот.
2. Другата половина од шеќерот се мати со маргаринот.
3. Тука се додава и румот.
4. Потоа се додаваат бисквитите, јатките и желето.
5. Се промешува кратко, а потоа се додава топлата изедначена чоколадна смеса.
6. Се меша убаво се, па се става во калап или тава 28 обложена со растеглива фолија.
7. Се затвора убаво и колачот се сместува во фрижидер да отстои и да се стегне преку ноќ.
8. Следниот ден се приготвува глазурата. Прво на среден оган го топиме маргаринот, откако ќе се стопи додаваме искршено бело и поквалитетно чоколадо, откако и тоа ќе се стопи додаваме прво масло, а потоа и вода.
9. Промешуваме добро и глазурата ја оставаме да се излади сосема малку пред да го прелиеме колачот со неа.
10. Се остава на ладно уште 1 час за да се стегне глазурата, а потоа може да се исече и да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови