Во длабок сад ставете вода и една лажица сол да зоврие.
Карфиолот искршете го на парчиња и додадете го во водата која врие и варете 5 минути.
По пет минути исцедете ја водата, измијте го и оставете убаво да се исцеди.
Во тавче на оган ставете го маслото, лукот исецкајте го ситно и додадете го, пржите 2 минути, но внимавајте да не загори.
Во тавата ставете го и исцедениот карфиол и пржете додека порумени, а при крајот додадете ја кората и сокот од лимон и посолете по вкус.
Можете и малку сецкан магдонос да му додадете, но и не мора ако немате.
Ова јадење се служи додека е топло и е многу вкусно.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови