Карфиолот и брокулата исечете ги на помали цветчиња.
Ставете ги во тава со малку вода.
Покријте со капак и на тивко оставете да подомекнат.
Ако има потреба додајте по малку топла вода.
Извадете ги од тавата и оставете да се исцедат.

Бешамел
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното и кратко запржете го.
Налејте го топлото млеко и со жица матете додека се згусти.
Посолете по вкуси наросете црн бибер.

Наредете ги цветовите брокула и карфиол во стаклен сад за печење премачкан со малку путер.
Ставете го сецканото лукче.
Прелејте со бешамелот и наредете ја најгоре моцарелата исечена на кругови.

Печете на 200 степени, 20 минути или може малку повеќе додека се запече бешамелот и моцарелата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани