Одличен како прилог со месо, а за љубителите на карфиол како комплетен оброк.

- Свежиот карфиол се мие и се сечка на помали цветови.
- Во тенџере се става вода и сол да зоврие, а потоа се додава карфиолот, се намалува температурата и се вари околу 10 минути, односно малку да омекне, па се вади настрана и се цеди.
- Во тавче се става малку масло и брашното, се запржува на тивок оган се додека брашното да порумени.
- Потоа се става мешан сув зачин, по желба црн пипер и постепено се додава млекото цело време мешајќи. Се добива густ млечен сос кој се крчка на тивко.
- Се додава исцедениот карфиол, се меша со сосот и ако е многу густо може да се додаде уште малку млеко.
- На тивко се крчка уште некое време, а пред јадење се наросува сечкан свеж магдонос и зачини по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани