Еве и мене - ме има па ме нема ...и стигнав до јубилејната 200-ка. Поздрав за сите со роденденската торта на ќерка ми (одамна помина и роденденот, но јас доцнам со објавувањето поради милион причини). Уживав во секој момент и рецепт споделен со екипата на МР и со сите вас. Продолжуваме со меѓусебното дружење !!
Уживајте во вкусот и на овој мој рецепт кој инаку беше ТОП !!!

Подготовка на корите
Се матат белките со малку сол и се додава шеќерот. Се исклучува миксерот, се додава се' останато (сувите состојки се претходно сите измешни заедно). Се печат 4 вакви кори. Се пече во калап бр 26 обложен со хартија на 180 С околу 15 мин. Секоја кора пред филување се топи со малку млеко и рум.

Подготовка на карамел филот
1. Млеко 850 мл се загрева до вриење, се додаваат карамелите да се растопат во него мешајќи на тивок оган.
2. Жолчките, густинот, шеќерот се разматува со 100 мл млеко и се додава во мелкото растопено со карамели и се вари крем
3. Откако ќе излади кремот се додава претходно изматениот маргарин и претходно на страна изматената слатка павлака.
4. Филот се дели на 4 дела. Во ¼ од него се додава ситно исечканата ноисет чоколада и исечканите лешници.

Подготовка на чоколаден фил
Жолчките, шеќерот, брашното се матат со миксер и се варат на пареа. Чоколадото се додава на крајот да се растопи. Откако ќе се излади филот се додава претходно изматениот маргарин. На страна се мати шлаг кремот со 80 мл млеко и потоа се додава во чоколадниот фил.

Подготовка на шлаг крем
Откако ќе се измати прашокот за шлаг крем му се додава чоколадниот прелив.

Филување на тортата
1. Кора, Нутела,¼ карамел фил, чоколаден фил
2. Кора, Нутела, 1/4 карамел фил + чоколадо и лешници, шлаг крем
3. Кора, Нутела, ¼ карамел фил, чоколаден фил
4. Кора, Нутела, ¼ карамел фил, шлаг крем

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани