Многу вкусен десерт е мојот предлог за денес.

Во касерола го налеваме млекото и ги ставаме излупените карамели.
Нека одстои така еден час, со повремено промешување.
Потоа касеролата ја ставаме на тивок оган, го додаваме путерот и оставаме се да се соедини и проврие само 1 минута.
Тргаме од оган, па ги додаваме мелените бисквити и крупно сецканите лешници.
Смесата ја соединуваме.
Оставме малку да подизлади па правиме форми по желба, бомбици, правоаголничиња....
Ги прелеваме со растопена чоколада.
Оставаме да се стегнат па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани