1 ДЕЛ
- Во сад ставете водата и шеќерот, промешајте ги и ставете на оган да проврие. Не треба долго да врие, сосема кратко. Додадете ги во него измешаните млеко во прав, мелените бисквити, кикириките и путерот. Брзо промешајте да се смесата изедначи.
Вака добиената смеса ставете во сад кој сте го избрале за оваа намена зависно дали сакате да е високо. Садот премачкајте го со малку масло и покапете неколку капки сок од свеж лимон. Израмнете ја смесата.

2 ДЕЛ
- Шеќерот ставете го во сад и на тивок оган нека се истопи се до добивање на убава карамелна боја. Но внимавајте - и кога ќе го тргнете садот од огнот тој продолжува да се пржи поради што проценете добро кога ќе го тргнете за да не ви изгори и да не горчи.
Тргнете за кратко на страна, додадете ја водата и вратете повторно на огнот да тивко врие да се шеќерот стопи. Додадете го измешаните млеко во прав, бискотите и сецканите кикирики, путерот. Измешајте убаво да се спојат, излијте ја оваа смеса врз првата, зирамнете убаво и оставете да олади и веке може да се сече, било како да служите бајадера, било баш во форма на карамели.

Напомена
- Млекото во прав можете и да не го додавате, тоа служи само заради густината. Исто така водата може да ја замените со млеко. Ценам дека тогаш ќе имаме млечни карамели со кикирики.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани