- Калап 20х20 см. постелете со хартија за печење и премачкајте со малку масло.
- Во касерола ставете го шеќерот, павлаката, путерот, ванилата и медот, измешајте и ставете на тивок оган да се вари додека се доволно згусти и ја смени бојата. Кога ќе одпочне да се згустува додадете ги кикириките. Продолжете да мешате.
- Додека е уште топла смесата истурете ја во калапот, посипете со уште малку кикирики одозгора, оставете да се стегне, кога е доволно стегната извадете од модлата, одлепете од хартијата и пак вратете на самата хартија и тогаш можете со масло премачкан нож да ги исечете карамелите во големина и форма која ја сакате, вратете ги така насечени пак во модлата и оставете ги да се сосема стегнат, најдобро преку ноќ..
Вистинска кикирики карамела е ова.
Совет
Можете смесата да ја распределите и во модлички мали форми со кои располагате, оставете да се стегнат и вадете ги - интересни и така, да ги завиткувате во целофан - штосни се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани