Подготовка на мафините
Путерот, шеќерот и ванилата убаво изматете ги да станат кремасти, а потоа додајте го јајцето и продолжите со матењето додека се изедначи смесата. Додајте ја солта.
Брашното и пецивото измешајте ги и просеани преку сито додајте ги во смесата. Измешајте ја со лажица или шпатула. По вкус може да си додадете и рендана кора од лимон или портокал.
Распоредете ја во калап за мафини обложени со хартиени корпиња. Задолжително ставите хартиени корпиња зашто смесата е малку деликатна и леплива и така полесно ќе се вадат мафините од калапот.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Потоа оставете ги да оладат.
Додека се ладат подгответе го филот.

Жолчката малку разматете ја со вилушка
Чоколадата искршете ја на коцки и заедно со жолчката стопете ја над пареа. Оставете ја да олади.
Путерот изматете го со шеќерот и ванилата и потоа додајте ја оладената чоколада. Матите додека филот убаво се изедначи.
Ставете го некое време во фрижидер да се стегне. Потоа наполнете готварски шприц и филовајте ги мафините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани