На шампињоните им се вадат рачките.
Блитвата се сецка на ситно, малку се гмечи со раце и се меша со сирењето, маслинките, солта и буковецот.
На секое шампињонче се става кришка домат, па од филот со блитва и на крај се посипува со сусам но и не мора доколку некој не сака. Јас го обожавам!
Се става во плехче и се пече во рерна на 180 околу 30 мин, бидејки шампињоните испуштаат водичка можете да вклучите вентилатор доколку имате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови