Чизкејк комбинациите за торти ми се едни од моите омилени, заради комбинацијата ја прекрасен сирење крем, со овошје по избор.

Прво подгответе го капина џемот, за да се излади додека се подготвува тортата.

1. Во касерола на оган се ставаат капините и се оставаат малку да се прокрчкаат на тивок оган, односно да испари водата и да се згусне смесата. Се додава и шеќерот и сето тоа заедно се вари.
2. Потоа се раствара џемфиксот или желатинот со ладна вода и капините ги тргаме од оган и додаваме од растворениот џемфикс. Само промешуваме и оставаме да се стегне и формира џем.
3. За основата се блендираат бисквитите и потоа се додава кремот и повторно блендираме додека да се врзат. Ако има потреба може да се додадат и неколки капки сок од лимон или портокал, за да се врзе смесата.
4. Во калап обложен со фолија, ја распределуваме смесата и убаво ја израмнуваме со чаша. Јас користев калап со пречник од 20 см.
5. За белиот фил потребно е да се измати добро изладената слатка павлака заедно со шеќерот во прав и лимоновиот сок. Ќе добиете густ цврст крем.
6. Во друг сад изматете го шлагот со мала количина на вода, за да добиете густ шлаг крем.
7. Желатинот подгответе го според упатството и оставете го малку да се излади.
8. Шлагот префрлете го кај слатката павлака, почнете да миксате и пополека во тенок млаз додадете желатин. Убаво изматете да се соединат сите состојки.
9. Врз кремот се става од џемот од капини и убаво се распределува.
10. Се остава тортата во замрзнувач на 2-3 часа убаво да се излади.

Навистина ова е една лесна и вкусна торта, а капините даваат еден посебно богат вкус!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови