Оваа торта ја видов на еден кулинарски сајт и просто ме воодушеви. Веднаш дојде на приоритетна листа за подготовка, баш заради нејзините состојки. Бидејќи 100 пати го прочитав рецептот пред да го правам, се решив да си внесам мои измени, за кој сметам дека не погрешив, баш напротив се доби уште побогат вкус.

1. За основа потребно ви е да се отстрани лушпата од печените несолени кикирики и да се исецкаат во сецко/блендер, но да останат покрупни парченца. Потоа се додаваат урмите и сокот од лимон за да се врзат убаво состојките. Ако има потреба додадете и малце јаворов сируп, за да се врзат убаво состојките.
- Основата распределете ја на калап бр. 16-18см., предходно обложен со стреч фолија.
2. Индиските ореви ги ставаме во врела вода да отстојат половина час. Потоа се процедуваат и се ставаат во блендер. Откако ќе добиете ситно сецкани ореви, се додава водата и бананата и се заедно се блендира.
3. Потоа се додава домашно подготвениот путер од кикирки. Повторно белндирате.
4. Додадете и агаве или јаворов сируп и ванилата. Убаво промешајте да се врзе се заедно.
5. На крај стопете го кокосовото масло и во него ставете го какаото. Додадете го во состојките и изблендирајте се заедно.
6. Кремот распределете го врз основата и убаво израмнете. Ставете ја тортата во замрзнувач, најдобро преку цела ноќ, убаво да се стегне.
7. За декорација користев какако во прав и ситно сецкани индиски ореви и кикирики.

- Тортата се прави во мал калап за торти, односно 16-18см калап, од причина што е доста калорична и со јак вкус, заради путерот од кикирики.

- Препорака е ако сакате да ви е тортата по принципите на хроно или сурова/веган торта, тогаш треба да се користи домашно направен путер од кикирики во комбинација со масло од кикиркики или кокосово масло и засладувач агаве или јаворов сируп.

- Тортата може да се направи и во сосема различна варијата, како на пример филот да е комбинација од путер од кикирики, мелени бисквити, какао крем, какао и мед. Повторно ќе добиете прекрасен фил. Ако ви е потечен филот само зголемувајте ја постепено количина на бисквити додека да добиете убав густ крем.

Ова е доста богата и калорична торта, па препораката е да се сече на потенки парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови